СДСМ: Мицкоски нема ниту план ниту визија, со ДПМНЕ нема иднина

Од:

Мицкоски нема ниту план, ниту визија, со ДПМНЕ нема иднина. Мицкоски јавно на телевизија рече дека со ДПМНЕ нема членство во ЕУ ниту за 100 години. ДПМНЕ во извештај на Европската Комисија е посочена како кочничар на реформите во македонското Собрание и напредокот, велат од СДСМ.

– Две години спроведуваа активна блокада, освен законите и европскиот пат на земјата го блокираат. Но сето ова завршува после изборите на 8 ми мај. Граѓаните ќе ја изберат најдобрата опција и земјата ќе продолжи по вистинскиот, по европскиот пат. Членството во ЕУ е втората стратешка цел на државата по членството во НАТО, што ќе ја реализира новата проевропска Влада предводена од СДСМ – се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски