СДСМ: Мицкоски не одговора која е неговата улога во финансискиот скандал поврзан со германскиот пратеник Цех

Од:

„ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски никако да се одлепи од скандали.

Угледните германски медиуми “Шпигел” и “Фокус”, објавија дека пратеникот од Христијанско-социјална унија, ЦСУ, Тобијас Цех, поднел оставка откако било откриено дека во 2016 година одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“.

Станува збор за исплати од петтоцифрени суми, околу 50.000 евра кои според германските медиуми, Цех ги наплатил за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„По оставката на пратеникот Цех од Германија, Мицкоски е должен да излезе пред јавноста и да одговори од каде се овие огромни суми пари, на кој начин биле исплатени и дали тоа е вистинската причина зошто финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница?

Мицкоски пред граѓаните треба да каже која била неговата улога тогаш како генерален секретар, а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во крајно сомнителното финансиско работење на неговата партија.

Мицкоски залудно се обидува да го отргне вниманието од скандалите кои ја тресат белата палата.

Неговите хипотеки кон режимските тајкуни и кон сите кои го поставија на лидерската позиција во ВМРО ДПМНЕ се големи, а тоа граѓаните го гледаат и токму затоа шест пати го казнуваат“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда