СДСМ: Мицкоски намерно поднесе неуставна иницијатива за референдум, за спас на својата фотелја

Од:

„Мицкоски намерно поднесе иницијатива за референдум која е неуставна, самиот знаејќи дека неговиот референдум е осуден на неуспех поради слабата поддршка од граѓаните“, реагира СДСМ на прес-конференција на Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку ВМРО-ДПМНЕ не го познава или се прави дека не го познава Уставот говори и фактот што вечерва пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ цитираше член од Закон кој се однесува на консултативен, а не на задолжителен референдум каков што бараше Мицкоски.

Иницијативата беше уште една измама на Мицкоски за спас на сопствената фотелја во Белиот дворец и бизнис интересите на една екипа во неговото опкружување.

Во време на најголема економска и енергетска криза, во пресрет на тешка и неизвесна зима, Мицкоски беше спремен да потроши осум милиони евра од државниот буџет за спроведување однапред пропаднат референдум кој требаше да биде неговата сламка за спас.

Тоа е неодговорно и недозволиво. Тој негов обид за измама, за трошење милиони евра народни пари за лични хирови пропадна.

Мицкоски е осамен и изолиран во антиевропската, деструктивна агенда што носи штета за граѓаните и државата“, се додава во реакцијата на СДСМ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага