СДСМ: Мицкоски може да нуди само обнова на режимот

Од:

Единствениот принцип во кој верува Христијан Мицкоски е принципот на груевизмот – ВМРО-ДПМНЕ да се богати додека граѓаните и државата осиромашуваат и тонат во долгови, реагираат од СДСМ на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Мицкоски може да нуди само обнова на режимот, затоа што и тој е дел од режимот како советник и генерален секретар на Никола Груевски.

Какви промени зборува овој загубен човек? Па тој ништо не промени во ВМРО-ДПМНЕ и нема ниту дозвола ниту капацитет за повеќе.

Мицкоски е портпарол на Никола Груевски и ништо повеќе.

Ставовите на Мицкоски во однос на правдата се најголемата денешна лага. Тој е најголемиот кочничар на правата и го брани криминалот на режимот.

Да беше за одговорност Мицкоски уште денеска ќе го повикаше на одговорност неговиот секретар Игор Јанушев. Затоа што како потписник на сметката го прекршил Изборниот законик со незаконски долг од 400.000 евра за кампањата.

Најбогатата партија во Европа со замрзнат милионски имот да најавува закон за утврдување на потеклото на имотот на политичарите е дрско и лицемерно. Еве нека не го опструираат случајот Талир и Талир 2 и криминалните пари од белиот дворец ќе се вратат кај граѓаните.

Мицкоски е дефиниција за политикант затоа што едно зборува дома, а друго надвор, едно кажува во јавните настапи а друго на средба со странски претставници.

Западнат во очај и безидејност денеска Мицкоски ветува мерки што веќе се спроведуваат и даваат резултати.

Затоа ВМРО кочничарска ДПМНЕ го кочи покачувањето на пензиите во Собрание, донесувањето на Законот за одбрана, ја опструира правдата.

Тоа е понудата на Мицкоски, лицемерие, лажен патриотизам и обнова на режимот.

Со таква понуда го чека извесен пораз на 12 април. 12 април е Денот Д за расчистување на последните остатоци од режимот на Груевски.

На изборите граѓаните ќе ја поразат деструктивната политика и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ