СДСМ: Мицкоски ја лаже јавноста, зошто не ги објави приватните сметки за патувањето на синот

Од:

Мицкоски веќе два дена се крие и не одговара на прашањата на граѓаните и јавноста во однос на патувањето на синот во Вашнгтон како дел од делегацијата на Владата. МНР невешто се обидува да го брани Мицкоски кој се крие, а може со само една постапка да ги отфрли сите обвинувања – да ги објави сметките со кои тврди дека приватно го платил патувањето на синот, се вели во соопштението од СДСМ.

– Мицкоски го започна мандатот ветувајќи транспарентност и чесно работење, а сега очигледно е дека за приватни фамилијарни патувања користи државни пари. Ова е типичен пример за лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, едно зборуваат друго прават. ВМРО-ДПМНЕ ја крие и листата на делегацијата од преку 20 луѓе кои патувале во САД, очигледно една од причините е синот на Мицкоски. СДСМ ќе поднесе барање за пристап до информации од јавен карактер, да се види листата и да се дознае вистината, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски