СДСМ: Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста е: сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах

Од:

„Денешното излагање на Мицкоски е уште една потврда дека тој целосно се загуби помеѓу неговите лаги од една страна, и суровата вистина – реалноста од друга страна. Дали човекот навистина верува во тоа што го зборува или пак знае дека текстот кој го читаше е само празно слово на хартија и нема врска со реалноста, нема врска со тешкиот живот на граѓаните? Кој е одговорот граѓаните сметаме дека многу добро знаат. Мицкоски одново ги повторуваше истите празни флоскули, во очаен обид мислејќи дека една лага, повторена доволно пати, ќе може да се претвори во вистина“ реагираат од СДСМ.

Од партијата велат „Не може да биде точно, ниту реално, тврдењето дека Македонија е четврта најсилна економија во Европа. Вистината е сосема спротивна. Дури и Народната банка, со која раководи Трајко Славевски, ја ревидираше проекцијата за инфлацијата на околу 4% за оваа година, додека економскиот раст, според домашните институции, нема да надмине 3%. Тоа значи реален економски пад – ситуација полоша дури и од конфликтната 2001 година, кога Македонија оствари подобри резултати“.

„Податоците на Евростат јасно и недвосмислено покажуваат: Македонија е последна во Европа по животен стандард. Најниската плата и најмалата куповна моќ се реалноста со која секојдневно се соочуваат граѓаните. Во услови на ваква социјална и економска криза, Мицкоски тврди дека долгот бил намален. Но фактите говорат спротивно – само за една година, Македонија потпиша нови задолжувања од 7 милијарди евра, а најавени се уште 700 милиони за наредната година. Тоа значи дека за две години, долгот ќе достигне 12 милијарди евра – тројно повеќе од вкупниот акумулиран долг на државата во изминатите 35 години. Парите се потрошени, а никој не знае каде завршија“ велат од СДСМ.

Партискиот став е „Македонија не се сака со лаги, ПР-спотови и долгови. Вистински патриотизам е да се работи за реално подобрување на животот на граѓаните, за повисоки плати, економски напредок и стабилност“.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат