СДСМ: Мицкоски изгледа се сретнал со друг Радев

Од:

Денешната изјава на Мицкоски и прераскажаната средба пред новинарите, укажува на тоа дека можеби Мицкоски се сретнал со некој друг Радев, а не со претседателот на Бугарија. Тоа што го раскажа Мицкоски не кореспондира со она што го изјави Радев за медиумите, кој вели дека јасно му порачал на Мицкоски дека очекува забрзано спроведување на договорите, велат од СДСМ.

„Оттаму не е јасно дали станува збор за истата средба или премиерот Мицкоски се збунил. Слично се случи и после средбата на Мицкоски со премиерот Главчев. Тој тогаш за медиумите изјави дека на Мицкоски му пренел дека обврските остануваат, а Мицкоски на Фејсбук пренесе дека поминала средбата во пријатна атмосфера.

Додека зборува дома или пак ни се обраќа во снимени видеа, Мицкоски секој ден не потсетува за исправената кичма на новата Влада. Но, не е јасно зошто истото не го кажува и на официјалните средби со бугарските претставници, а чудно е и што заборава што тие му кажале нему.

Добро е ставовите со кои ја убедува македонската јавност да бидат директно пренесени и до оние кои треба да ги слушнат. Исправената кичма очигледно останува само за домашна употреба, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ