СДСМ: Мицкоски избегнува да го каже својот и ставот на партијата за референдумот

Од:

„На неколку недели до најважниот датум во поновата македонска историја, мнозинството граѓани и сите прогресивни сили се обединија околу македонската иднина во ЕУ и НАТО, само Христијан Мицкоски се крие зад однапред снимени обраќања и избегнува да го каже својот и ставот на неговата партија за референдумот.

Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат назад во изолација и неизвесност во кои со години ја држеа Македонја па затоа одбиваат да соопштат јасен став?

Граѓаните знаат дека придбивките и вредностите на ЕУ и НАТО се суштинска спротивност на криминалните и антидржавни практики што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ.

На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат интеграција наместо изолација, иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет, заштитен и загарантиран еднаш за секогаш!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски