СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават политичка агенда на штрајкот

Од:

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со своите срамни изјави и настапи креираат политичка агенда на штрајкот на СОНК. Уценувачки потег на раководство на СОНК е одбивањето на предлогот за зголемување на платите за 10 отсто или за .2500 денари во просек во време на најголема светска економска криза“, соопшти СДСМ.

„Наставниците многу добро знаат дека за период од пет години во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ добија покачување од четири отсто или само 750 денари.

За разлика од тоа, СДСМ во овие четири и пол години платите на наставниците ги зголеми за 21 отсто односно од 3.200 до 6.400 денари.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се последните кои можат да зборуваат за платите во образованието и детската заштита“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?