СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ двојно загубија на изборите, имаат и драстичен пад на гласовите во Тетово

Од:

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ загубија двојно на вонредните локални избори. Во две општини имаше локални избори за градоначалник и во двете општини ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл“, соопшти СДСМ.

„Кандидатот на СДСМ и европската коалиција убедливо победи во Маврово Ростуше над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, со разлика од 1.300 гласа.

Во Центар Жупа ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл, затоа што сакаше да пропаднат изборите. Сепак, победи кандидатот на владејачката коалиција со освоени над 3.000 гласови.

Во третата општина каде што се спроведуваа избори за советот, Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има континуиран и драстичен пад на гласовите од минатите избори а бројот на советници во советот на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ останува непроменет.

Во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ освоила 5.903 гласови, во 2021 4.052 а на вчерашните вонредни локални избори едвај 3.000 гласови.

Нивниот коалициски партнер Левица исто така доживеа дебакл.

Граѓаните им пратија јасна порака, не сакаат деструкции, блокади, анти европски и криминални ликови во политиката“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски