СДСМ: Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се во сеопфатна одбрана на криминалите на Груевски

Од:

„Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се во сеопфатна одбрана на криминалите на Никола Груевски и ништо повеќе.

Најавените протести се всушност последната форма од оваа континуирана одбрана на криминалот на Груевски, менторот на Мицкоски, со сите негови погрешни и штетни политики кои 11 години ја уназадуваа Македонија.

Црнилата, разнебитувањето и изолацијата беа и остануваат симбол на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од осудениот криминалец Груевски. Тоа денеска сеопфатно го брани Мицкоски.

Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понудат на граѓаните, немаат идеја, немаат програма, ниту план, немаат ниту предлог во интерес на граѓаните или подобрување на нивниот живот.

Граѓаните ја гледаат и чувствуваат разликата. На една страна е криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое ја уништуваше земјава а на другата одговорното и домаќинско управување на Владата предводена од СДСМ кое Македонија ја води напред.

По 11 години криминал, корупција заробена држава, изолација и неизвесност, граѓаните ја поразија погубната матрица на Груевски. Македонија денес е рамноправен партнер на демократскиот свет, држава во која институциите работат за граѓаните и држава во која владее правото.

На Мицкоски и на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека правда мора да има. Секој оној за кој ќе се докаже дека го прекршил законот и за кој низ законска, транспарентна судска постапка е донесена правосилна пресуда ќе одговара согласно законите“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски