СДСМ: Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да најдат решение за превозот во Скопје

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска со својата неспособноста и со кавгите меѓу себе го создадоа хаосот во Скопје. Нивна е одговорноста што градот е без јавен превоз, што јавните градски претпријатија се во колапс, а граѓаните на Скопје се соочуваат со блокади, проблеми во движењето и извршувањето на секојдневните обврски“, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска не можат да избегаат од одговорноста, тие треба да сработат и да најдат решение за да престанат блокадите и граѓаните повторно да добијат јавен автобуски превоз.

Градоначалничката, претседателот на Советот, мнозинството советници, мнозинството советници во Советот, сите се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и само оваа партија може да стави крај на овој хаос.

Наместо проекти и решенија, граѓаните гледаат блокади, кавги за тендери и нефункционалност на институциите.

Една година градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на градот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски