СДСМ: Мицкоски и Апасиев заедно против ЕУ

Од:

„Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев заедно делуваат против ЕУ и заедно хистерично шират невистини. Исто како што лажеа за измислена Тиранска платформа, за кантонизација, за кампови со мигранти, сега лажат за измислена бугаризација која не постои“, соопшти СДСМ.

„Протест за кое било прашање е уставно гарантирано право, но за предлогот на француското претседателство тече процес на широки консултации со сите политички и општествени чинители.

Она што е најважно, во предлогот се вградени нашите забелешки и ставови, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусности, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

Македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, ниту го асимилира и тоа нема да се случи ниту во иднина.

Оваа анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција на Левица и ВМРО-ДПМНЕ не и мисли добро на државата туку напротив, сака да ја закочи, да ја блокира, да и наштети.

Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски