СДСМ: Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести

Од:

Веќе 7 дена Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести, со кои сакаат да предизвикаат тензии во државата. Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, помогната од Алијанса за Албанците се обиде среде Скопје да испровоцира меѓуетнички конфликт од огромни размери, велат од СДСМ.

Во нивното соопштение до јавноста се вели:

„Инциденти и обид за реприза на 27 април имаше пред зградата на Собранието, како и обид за насилен упад пред зградата на Владата. Антиевропската коалиција направила измислен, анонимен е-маил, како параван, и праќа фотографии по медиуми од протестите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Посебна тема е злоупотребата на деца на фотографиите што се лиферуваат од измислениот мејл.

Зошто антиевропската коалиција има потреба да се крие кога целата јавност знае дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се организатори? Ако Мицкоски и Апасиев мислат дека на овој начин ќе се спасат од одговорност за насилствата се лажат. Јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани? Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио? Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

Николовски: Субвениција до 90%, повеќе за сите се и мерките за помали сметки на струја за граѓаните и компаниите

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите

Демократски сојуз: Ковачевски и Маричиќ водат партиска кампања со државни пари