СДСМ: Мицкоски го загуби ТВ дуелот со Ковачевски, затоа е нервозата во ДПМНЕ

Од:

Христијан Мицкоски го загуби ТВ дуелот со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Се покажа дека Мицкоски нема план за иднината, дека нема промена во ДПМНЕ.
Претседателот Ковачевски доминираше на ТВ дуелот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Аргументирано ја претстави јасната визија и план за европска иднина, за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година, како и клучните столбови на програмата на СДСМ за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, со просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 до крајот на мандатот до 2028 година, за реформи во правосудството и многу други мерки за граѓаните. Затоа е нервозата во ДПМНЕ овие денови со агресивни комуникации и невистини. Се потврдува дека на овие избори граѓаните ќе имаат избор меѓу надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ, меѓу европска интеграција со Ковачевски и изолација со Мицкоски – се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?