СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, да не измислува нови лаги, никој не му верува

Од:

Два концепти имаме во државата – едниот предводен од Ковачевски и коалицијата која е за европска Македонија и која заедно со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види државата како дел од ЕУ. Вториот концепт е оној на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на членството во ЕУ. Христијан Мицкоски е против ЕУ. Тоа досега многупати го докажал со своето анти европско однесување на штета на државните и национални интереси на граѓаните, велат од СДСМ.

– Сите лаги на Христијан Мицкоски досега потонаа во вода. Ги лажеше граѓаните, создаваше тензии, блокади, измислуваше наводна бугаризација, асимилација доколку почнеме преговори со ЕУ.

Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет.

Последна потврда за ова е договорот Фронтекс кој ќе биде потпишан на чист македонски јазик, без фусноти и додавки.Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство. Најдобро за Мицкоски е да не измислува нови лаги. Впрочем, никој не му верува на Мицкоски -велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски