„Додека СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски преземаат мерки за надминување на енергетската криза, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се посветени на тендери и провизии, на лични и бизнис интереси наместо на интересите и потребите на граѓаните“, велат од СДСМ.
„Скопје и општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ една година се во стагнација, нема реализирани проекти, нема мерки за помош на граѓаните.
Шпицниот градоначалник Мицкоски со неговите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво ги покачуваат комуналните услуги и директно брцаат со рацете во џебот на граѓаните.
Онаму каде е ВМРО-ДПМНЕ локална власт се покачуваат локалните комунални услуги, на штета на граѓаните и нивниот економски стандард.
Во Прилеп комуналните услуги се покачени за 67 отсто, во Штип за 40 отсто, во Велес јавниот превоз е зголемен за 40 отсто, додека во општина Охрид покачени се и јавниот превоз и комуналните услуги.
Наместо мерки за помош на граѓаните и работа, шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мислат на тендери и удираат по џебот на граѓаните.
Тоа е голема, суштинска разлика. СДСМ се грижи за граѓаните во време на криза, шпицниот градоначлник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат само за тендери и провизии“, соопшти СДСМ.