СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

Од:

Случајот со спомениците од Скопје 2014 е последен во низата судски предмети кои покажуваат дека ДПМНЕ не е ништо друго освен криминална партија, соопшти СДСМ.

Никола Груевски, Зоран Ставрески, Елизабета Канческа – Милеска, Виолета Аларова, Владимир Тодоровиќ се само дел од лицата обвинети во последниот судски предмет „Феникс“.

Овие лица преку мега криминалниот проект Скопје 2014 се товарат дека проневериле околу 16 милиони евра народни пари за поставување на споменици на историски личности.

Ете го патриотизмот на ДПМНЕ на дело, незаконски се богателе преку спомениците на Гоце Делчев, на Александар Македонски, на Гемиџиите и Цар Самоил.

Случајот со спомениците од проектот Скопје 2014 е само последниот од низата предмети што се покренати против ДПМНЕ, единствената партија во Европа што има конфискуван имот за кој со судска пресуда е докажано дека е нелегално стекнат.

И додека ДПМНЕ ги прозива независните судски институции јавноста се уште очекува епилог од предметот Делчевски ниви каде се вмешани блиски соработници на Мицкоски.

Во пратеничките редови на ДПМНЕ се уште се и обвинетите лица Игор Јанушев и Антонио Милошоски, за чии предмети исто така се очекува епилог.

Опкружен со криминални ликови и осудени лица, седејќи во криминално стекнат имот, Христијан Мицкоски ако барем има и малку доблест, тогаш ќе поднесе оставка од челната позиција во ДПМНЕ.

Доколку не го стори тоа, Мицкоски уште еднаш ќе покаже дека е посветен на одбрана на криминалот и криминалците во своите редови, пишува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во Општиот колективен договор

Прагот на толеранција за брзина на „Сејф сити“ ќе се намалува

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он