СДСМ: Мицкоски е неук за тоа како функционира увозот на лекови

Од:

Мицкоски покажува целосно непознавање за тоа како функционира фармацевтскиот пазар и увозот на лекови. Или е неук, или пак поопасната можност е да планира да увезува лекови од паралелен увоз, како што тоа се правеше во времето на Груевски. Пазарот на лекови е најрегулираниот пазар во земјата. Цената на секој увезен лек се утврдува врз основа на методологија и се пресметува како просек од цените во референтните земји, велат од СДСМ.

„Таа цена се нарекува единствена максимална цена. Секоја година се прави ревизија на цените согласно методологијата и се намалува цената на оние лекови согласно намалените цени во референтните земји. Мицкоски сакајќи да поентира, прикажувајќи се како државен полицаец, само се срами додека оние кои го познаваат добро пазарот веројатно се смеат на неговите изјави. Наместо да продава евтини ПР трикови и да се срами со незнаење, нека почне за почеток да проверува како неговите најблиски соработници добиваат поклони од 325.000 евра. Нека седи лично, како што вели, и нека проверува поклон по поклон во анкетните листови на Јанушев и останатите“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски