СДСМ: Мицкоски e лицемер, лично го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со Ванчо Михајлов

Од:

„Христијан Мицкоски е докажан лицемер, додека јавно го осудува клубот Ванчо Михајлов во Охрид, неговата партија се повикува на континуитетот на делата на Михајлов. Мицкоски лично го потврди континуитетот на Ванчо Махајлов на неодамнешнит таканаречен Симпозиум на ВМРО-ДПМНЕ, кога зборуваше и се повикуваше на континуитетот“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михаилов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх.

Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди на граѓаните за иднината.

Мицкоски е предводник на концептот против членство во ЕУ кој носи изолација и враќање назад“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел