СДСМ: Мицкоски е антимакедонски и антизападен пион во рацете на Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски вечерва го потврди она што граѓаните веќе многу добро го знаат: дека е тој не е ништо друго освен антимакедонски и антизападен пион во рацете на Никола Груевски.

Антизападниот пион Христијан Мицкоски не пропушта прилика да им докаже на сите граѓани дека е против ЕУ и НАТО и дека по секоја цена работи против интересите на граѓаните, против интересите на државата.

Добро за Македонија е фактот што анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски се поразени граѓаните, од мнозинството пратеници во Собранието па дури и од сопствената партија.

Потонати во изолација и во сопствениот мрак што го промовираат, Мицкоски и Груевски покажуваат голема нервоза соочени со поразот што им се случува.

Посетите на високи претставници од демократскиот свет на земјава кои го заобиколија Мицкоски, меѓу кои и претставникот од САД, се уште една потврда дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ останува во длабока изолација.

Колку и да е неприфатливо за антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија се обедини околу стратешките интереси и иднина во ЕУ и НАТО.

Македонија и нејзините граѓани незапирливо чекорат кон иднина и интеграција во ЕУ и НАТО, врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во изолација“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните