СДСМ: Мицкоски доживеа пораз од Ковачевски на првото изборно соочување

Од:

„Голем пораз доживеа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на владечката партија е Димитар Ковачевски. Со двојната победа на изборите за градоначалник на општините Маврово Ростуше и Центар Жупа на Коалицијата предводена од СДСМ граѓаните застанаа зад исправните, вистинските политики, кои ја водат државата напред“, соопшти СДСМ.

„Граѓаните со големо мнозинство застанаа зад концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина и истовремено го поразија ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Граѓаните јасно порачаа дека не веруваат на лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, дека им е доста од деструктивноста и лицемерието на Христијан Мицкоски и неговите пулени од Белата палата.

Мицкоски е поразен на првото изборно соочување со Ковачевски и повторно ќе биде поразуван од граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски