СДСМ: Мицкоски да се соочи со реалноста и да го одржи ветувањето – оставка откако загуби на изборите

Од:

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по поразот на парламентарните избори паѓа во се подлабока конфузија, а Христијан Мицкоски очајно бара алиби и ги погазува сопствените ветувања.

Наместо да се соочи со реалноста, за ВМРО-ДПМНЕ кукавичлук е нивниот претседател да замине од својата функција во Белиот дворец, да даде оставка, која ја вети пред граѓаните ако биде поразен на изборите или доколку не направи Влада“, велат од СДСМ.

„Давата услови се исполнети ВМРО-ДПМНЕ загуби на парламентарните избори, а коалицијата предводена од СДСМ обезбеди парламентарно мнозинство за формирање на ефикасна влада со стабилен четиригодишен мандат, која ефикасно ќе им служи на граѓаните и ќе ја води државата право напред во Европа.

Мицкоски не може да и погледне на реалноста во очи, да понесе одговорност за својот неуспех и да го исполни она што самиот го вети пред изборите – оставка во случај на пораз“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски