СДСМ: Мицкоски да одговори за средбата со Груевски и за посетите на Белград и Будимпешта

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се крие зад социјалните медиуми, зад неговите портпароли и зад антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори за средбата со неговиот ментор Груевски и за неговите посети во Белград и Будимпешта.

Мицкоски треба да даде одговор на јавните сомнежи, дали неговите посети на Белград и Будимпешта минатиот месец, се поврзани со планот за бегство на осудениот криминалец Груевски?

Со кого се среќавал пионот Мицкоски при посетите на овие градови и дали таму бил нацртан планот за бегство на Груевски?

Мицкоски пред граѓаните должи одговори за сомнежите за неговата вмешаност во кукавичкото бегство на Груевски.

Надлежните институции, пред се Основното јавно обвинителство мора да отворат истрага преку која ќе бидат откриени и санкционирани сите лице кои се соучесници во бегството на осудениот криминалец Груевски“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски