СДСМ: Мицкоски да одговори на кој начин добил согласност за мали хидроцентрали, токму од Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Антизападниот Христијан Мицкоски треба да одговори пред граѓаните на кој начин добил согласност за мали хидроцентрали, преку компании во кои има удел, токму од носителот на криминалот Никола Груевски, како претседател на владата? И тоа во време кога Мицкоски му бил советник за енергетика на негивоиот Груевски.

Ниту една лажна вест ниту една манипулација нема да го сокрие фактот дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски работат против иднина во ЕУ и НАТО и против интересите на граѓаните.

Договорот за концесија за кој денеска лаже антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на кој е добиен долготраен закуп за државното земјиште е потпишан во 2015 година, кога на власт беше токму ВМРО-ДПМНЕ, а актуелниот вицепремиер за економски прашања кога Кочо Анѓушев не бил функционер.

Сега само се спроведуваат административните процедури, согласно законите.

Оттука, јасно е дека нема ништо незаконско во донесената Одлука, а уште помалку пак дека има некаков судир на интереси.

Залудни се обидите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, јавноста одамна не верува во нивните лаги“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија