СДСМ: Мицкоски да објасни што договарал со бугарските здруженија во државава, наместо да се крие зад соопштенија од белиот дворец

Од:

„Наместо од белиот дворец секојдневно да пласираат лаги и невистини, Христијан Мицкоски треба да излезе и да објасни што договарал со претседателите и основачите на бугарските здруженија и клубови во државава“, велат од СДСМ.

„Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“ имаат објавено бројни фотографии каде се во друштво на Мицкоски и високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве, во јавноста се појавија и фотографии каде Мицкоски во еден манастир е сликан со претседателот на здружението „Цар Борис Трети“, соопштува СДСМ.

„Што била целта на овие среди и што договарал Мицкоски, тоа треба да каже тој самиот, наместо да се крие зад соопштенија од белиот дворец. Владата предводена од СДСМ по прашањето со Бугарија постапува сериозно и одговорно, заштитувајќи ги црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена во Собранието.

Ниту за Гоце Делчев, ниту за јазикот, ниту за македонската посебност, нема и нема да има какви било преговори, македонскиот идентитет денеска е меѓународно потврден и загарантиран, ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми патриотизам и да ги лаже и вознемирува граѓаните“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО