СДСМ: Мицкоски да не бега туку да одговори дали знае каде завршиле парите од „Криминалните парцели“, дали во ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Христијан Мицкоски наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста глумејќи жртва, да каже јасно пред граѓаните дали украдените пари од сметката на ЕВН Електрани завршила за финасирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ? Или пак во чии џебови завршиле 1,6 милиони евра од „Криминалните парцели“?“, реагира СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

„Како што веќе објавија медиумите дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски треба да одговори дали по негови инструкции работеле осомничените, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи?

Прашуваме дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот претходник Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН?

Прашањата се јасни и едноставни, Мицкоски треба да одговори“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО