СДСМ: Мицкоски да каже јасен став за најважните прашања, па потоа да бара ТВ дуел

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„За да може да учествува на каков било ТВ дуел Христијан Мицкоски прво треба да собере храброст и да каже јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија, за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа.

Мицкоски, охрабри се, кажи јасен став, која е алтернативата на ЕУ и НАТО?

Мицкоски, кажи зошто си против НАТО, зошто си против ЕУ?

Освен што ги брани криминалите на неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски досега не кажал јасен став за најважните прашања, дали е за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќањето на Договорот од Преспа. Напротив, со своите јавни настапи, со своите активности Мицкоски јасно се профилира анти ЕУ и анти НАТО.

Со таквите ставови, Мицкоски покажува дека е дел од антизападната матрица на некогашниот сопартиец Филип Петров, некогашниот коалициски партнер Јанко Бачев и гласноговорникот на режимот, Миленко Неделковски“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!