СДСМ: Мицкоски да ја прифати пораката од граѓаните и да се откаже од деструкциите

Од:

„Граѓаните со дебаклот на протестот му упатија јасна порака на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски дека не сакаат блокади и деструкции. Наместо да биде единствен опозициски политичар кој и во време на криза работи против државата и граѓаните, Мицкоски конечно треба да ја прими и разбере пораката од јавноста“, соопшти СДСМ.

„Деструктивното дејствување на штета на граѓаните и на државата е неодговорно, особено во време на најголема економска и енергетска криза по втората светска војна.

Граѓаните знаат дека човекот кој едно зборува дома, а друго надвор, кој ги поткопува државните позиции, манипулира за наводна асимилација и бугаризација не може да биде опција за иднината.

Лагите на Мицкоски, кој брани криминал од епски размери, потврден со судски одлуки, како Талир 2, кој незаконски грабал од народот за криминално да го направи Белиот дворец не поминуваат кај граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО