СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори дали на средбата со Груевски бил подготвуван планот за бегство

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на ставовите на Христијан Мицкоски.

„Пионот Христијан Мицкоски да не се крие зад социјалните мрежи и зад конфузни реакции што не кажуваат ништо, туку да излезе пред граѓаните и да одговори за средбата со Груевски.

Антизападниот Мицкоски пред јавноста треба да одгoвори, дали на средбата што ја имал со неговиот ментор Никола Груевски, на која според негово јавно признание разговарале за „иднината“ и „личните моменти“ на криминалецот Груевски, всушност бил подготвуван планот за бегство?

Постојат јавни сомнежи дали Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во бегството на криминалецот Груевски.

Провидно е лицемерието на Мицкоски. Лицемерно и несериозно е човекот кој со сите сили го брани криминалот на неговиот ментор денеска да глуми загриженост.

Сите надлежни институции, а особено Основното јавно обвинителство, мора да отвори истрага, целосно да се расветли случајот и да се лоцираат сите виновници.

Сите сочуесници вмешани во бегството на криминалецот Груевски мора да одговараат пред законите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски