СДСМ: Мицкоски да го искористи Извршниот комитет и да им се извини на своите што ги лажеше

Од:

Еве му прилика на Христијан анти ЕУ Мицкоски, вечер, на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на своите сопартијци што ги лажеше, реагира СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

„Да им се извини за лагите за наводна бугаризација и асимилација.

Да им се извини за измислените манипулации за продавање на идентитот.

Да им се извини што велеше дека нема да почнеме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик.

Да им се извини што во ЕПП прифати нашата земја да биде срамно претставена со кратенка од регистерка табличка.

Да им се извини за сите навреди, колнења и хушкања кои ги тераше да ги кажуваат само за да ја спасат неговата политичка кариера.

Им должи Мицкоски извинување и за неуспешните крвави сценарија за предизвикување дестабилизација и етнички конфликт во дравжата, за обидот за блокада на европскиот пат на државата.

Секако доблесно би било и да потврди дека македонскиот јазик со чиста формулација без фусноти станува дел од преговарачкиот процес со ЕУ но тоа е прмногу да се бара од Мицкоски“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните