СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Од:

Толку е големо влијанието на СНС врз сестринската ВМРО што имаме чувство дека Вучиќ е претседател на ВМРО-ОКГ. Мицкоски го имитира Вучиќ цело време повторувајќи „Ad hominem“, баш како Вучиќ во неговите настапи. Професоре, додајте и „De facto“ и „De jure“. Тој тоа, како и вие професоре, го користи во речиси секој настап, велат од СДСМ.

– Гледаме дека имате и ист стилист. Нема ништо поевтино од неколку илјади евра од тоа што го носите на вас. Единствено што е ваш личен печат се скапите часовници од 60 илјади евра. Тој не ги носи, за полесно да каже дека живее од плата, како и вие некогаш – од професорската.

Со авионот не успеавте сè уште, како што успеа Вучиќ. Тој го купи, а вие чекате. Знаеме дека парите не сте ги тргнале од буџетот и дека лизингот ќе го објаснувате со болки во колената. Само уште фризурата да ја смените, ама не морате, исти сте како Вучиќ. Дури и очилата се исти. На граѓаните веќе сè им е јасно.

Покрај тоа што Мицкоски ја чува фотелјата за Груевски (голем пријател на Вучиќ и Орбан), му го расчисти патот со отстранување на потпретседателите, води кампања против секој што може да претендира на местото претседател на ВМРО. Често има некои чувства, па се прашуваме дали има чувство дека народот сè ова го гледа и дека повеќе не поминуваат финти со Дубаи, Харис Џиновиќ…

Бидејќи за прорускиот Симо-Шешељ од својот фото-албум не сака да одговори, дали ќе нè извести кој е Душан Адамовиќ? Почесен гостин на прослави и конгреси на ВМРО-ОКГ, почесен конзул на Македонија во Србија, со големо криминално досие, голем почитувач на руските служби, кого го именуваше владата составена од тендер-коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус