СДСМ: Менаџментот на Телма телевизија да ја преиспита својата одлука

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ја прими веста дека 12 вработени во Телма телевизија се прогласени за технолошки вишок, со одлука на менаџментот на овој медиум.

Менаџментот на Телма телевизија, како раководство на угледен, релевантен и респектабилен медиум, треба да се произнесе и во детали да ја објасни причината за оваа одлука. Особено што станува збор за професионални новинари, докажани во својата долгогодишна работа.

Го повикуваме раководниот тим на Телма телевизија да ја преиспита својата одлука и да ги разгледа сите можности што му стојат на располагање да се донесе соодветно решение кое ќе биде во интерес на новинарите, во согласност со заштитата на нивните законски права и обрски.

Решение коешто нема да се одрази на квалитетот на програмските содржини на Телма телевизија, медиум којшто ужува углед помеѓу граѓаните на Република Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски