СДСМ: Медиумите на ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести, за нив не е важно здравјето на граѓаните, ниту нивната заштита

Од:

„Бескрупулозно и без никаква одговорност кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и нејзините медиуми – докажани произведувачи на лажни вести, ја лажат јавноста и ја злоупотребуваат ситуацијата со вирусот Ковид-19. ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира и дрско ја лаже целата македонска јавност и повторно покажува дека нема ниту капацитет, ниту пак знае како да работи во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.

Според нив, единствено што знае ВМРО-ДПМНЕ е да работи на штета на граѓаните, а во интерес на функционерите од оваа партија и нивните џебови.

Од партијата истакнаа дека вестите се лажни дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на свадбената веселба на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тие апелираат дека јавноста и граѓаните не треба да подлегнуваат на лажни вести и целосно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче, кој редовно и темелно известува за состојбата со коронавирус.

Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ