СДСМ: Медарот Мицкоски и Данела Арсовска да почнат да работат и да го решат проблемот со ЈСП кој тие го создадоа

Од:

Ништо не функционира во градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка го доведоа градот пред колапс.Граѓаните на Скопје гледаат како оние кои го создадоа проблемот со ЈСП, медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска, меѓусебно се обвинуваат а ништо не преземаат.Скопјани не заслужуваат ваква несериозност, ваков однос, ваков циркус, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„Долгот во ЈСП, за само 1 година е драстично зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка го заглавија ова јавно претпријатија и јавниот превоз во Скопје го доведоа под прашање.Тоа е единствена причина зошто денеска вработените во ЈСП немаат земено плата. Неспособност на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска.

Шпицниот градоначалник кој на партиска говорница најавуваше проекти за бесплатен превоз во Скопје каде е сега?Мицкоски, кој шеташе на митинзи заедно со Арсовска, кој бараше поддршка од скопјани да не се крие.Медарот Мицкоски и неговата Данела Арсовска да седнат, да почнат да работат и да го решат проблемот со ЈСП кој што тие го создадоа.Скопјани не ги интересираат нивните кавги, ниту пак нивните измислени оправдувања“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни