СДСМ: Медарите од ВМРО ДПМНЕ го доведоа ЈСП пред колапс, а Скопје без јавен превоз, врв на неспособност

Од:

„За првпат во историјата Град Скопје и неговите жители остануваат без јавен автобуски превоз. Милионски долгови, неисплатени плати и колапс на ЈСП Скопје за само една година, донесоа неспособните медари од ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Речиси по правило, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводи градската власт, Јавното сообраќајно претпријатие се соочува со проблеми.

Така беше и при набавката на кинеските автобуси во време кога директор на ЈСП беше Игор Јанушев, против кого се води судски предмет за спорната набавка на автобусите, така е и денес кога ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска го водат Градот.

И наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје тера дневна политика, претседателот на Советот Трајко Славевски на седницата грабаше микрофони а советниците од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката зборуваа за се освен за решенија на проблемот.

Колапсот на ЈСП е врв на неспособност на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, поради нивниот неодговорен и нечесен однос страдаат граѓаните кои се без јавен превоз, страдаат вработените во ЈСП кои 20 дена се без плата. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за скопјани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски