СДСМ: Масовната имунизација се одвива непречено, аплицирани околу 200.000 дози вакцини

Од:

„СДСМ и институциите што ги предводи, посветено работат за непречено одвивање на масовната имунизација на населението против коронавирусот, добавување на нови количини на вакцини и отворање на нови пунктови за вакцинација.

Досега се аплицирани околу 200.000 дози вакцини, а ревакцинирани се речиси 26.500 граѓани“, велат СДСМ.

„За масовната имунизација да тече непрекинато во државата пристигнаа нови 100.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“.

Вакцинирањето се одвива во здравствените домови и во регионалните пунктови. Покрај во Скопје, Битола, Кавадарци, Тетово, Штип, Куманово и Охрид следува отворање на нови пунктови за масовна имунизација во Велес, Струмица и Прилеп.

Апелираме до граѓаните да се пријават за вакцинација, заедно да ја победиме пандемијата со коронавирусот.

За СДСМ како одговорна партија највисок приоритет е здравјето на граѓаните.

Продолжуваме мерки и политики кои го штитат јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем во државата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел