СДСМ: Манипулациите на медиумските курири се параван за криминалните активности на Никола Груевски

Од:

„Секојдневните спинови и манипулации на медиумските курири се параван за прикривање на криминалните активности на лажниот патриот Никола Груевски.

Никола Груевски и медиумските курири, платени со пари на граѓаните, водат хајки против борците за демократија, невладините организации и граѓаните што секојдневно протестираат ама затоа молчат за оние од ВМРО-ДПМНЕ коишто биле дел од СОРОС како Илија Димовски, Ѓорге Иванов, Антонио Милошовски, Ратко Димитровски…

Преку Вистината за Македонија граѓаните дознаа дека токму Никола Груевски се пазарел за промена на уставното име, Република Македонија, а пред нив тој води лажни кампањи за наводен патриотизам за граѓаните.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски.

Никола Груевски бега од слободни, фер и демократски избори и се надева дека на тој начин ќе побегне од правдата, од одговорноста.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Нема спас за Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

СДСМ: По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите