СДСМ: Македонски железници се пред колапс

Од:

СДСМ денеска обвини дека Македонски железници се пред колапс, работниците се во неизвесност, не знаат дали ќе останат на работа, стравуваат дека може да останат без плати од наредниот месец.

Според Благој Бочварски претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ претпријатието немало да биде во ваква ситуација доколку се работело одговорно, домаќински и се реализирале проекти за развој.

– Македонија е најслабо инфраструктурно развиена земја. Пругата Битола – Кременица требаше да биде готова во 2015 година. Тоа не се реализираше, па потоа ВМРО-ДПМНЕ ја најави за март 2016 година, па за 2017 година. Доколку беше готова оваа пруга, ќе беше алтернатива на делницата на коридорот 10 и немаше да има загуби, истакна Бочварски.

Додаде дека дополнителен проблем е што не била изградена ниту пругата кон Бугарија, ниту кон Албанија.

– За овие 10 години ниту една нова пруга не е пуштена во сообраќај. Новите железнички линии, новите пруги ќе бидат реалност по демократските промени, кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста да ја води државата, истакна претседателот на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он