СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

Од:

Економските политики на Владата на СДСМ даваат резултат, македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции, велат од СДСМ утрово преку соопштение.

„Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово ќе се изгради фабрика за производство на електрични автомобили, како прва од таков вид во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.

Ова ќе значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.

Оваа мултимилионска инвестиција на германската компанија НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕе доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни