СДСМ: Македонија се радува, градиме држава по европски правила

Од:

„Македонија се радува, македонската иднина е загарантирана, градиме држава по европски правила! Македонија се радува!

Македонската иднина е загарантирана, македонскиот идентитет обезбеден. Она кое што со децении се чекаше, конечно станува реалност за македонските граѓани, стануваме дел од европското семејство и НАТО алијансата, онаму каде што припаѓаме. Македонија оди напред!

Обезбедена сигурност и стабилност, повеќе инвестиции, зајакната меѓународна доверба во македонската економија, нови работни места и повеќе пари во секое семејство, се дел од придобивките на членството во НАТО.

И додека позитивните вести за земјава секаде во светот беа поздравени и подржани, а историскиот успех беше пренесуван во светските медиуми, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се одважија да го поздрават успехот на Македонија.

Конечно, ВМРО ДПМНЕ треба да се изјасни дали воопшто и е грижа за иднината на македонските граѓани и за иднината на државата.

Дали ВМРО ДПМНЕ воопшто поддржува напредок на земјава и подобар живот за македонските граѓани?

Доста беа две и пол децении чекање, стагнација и неизвесност. Конечно земјава направи чекор напред кој ќе биде запишан во нејзината историја.

Чекориме кон ЕУ и со тоа заедно градиме држава по европски правила.

ДА за македонската иднина!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски