СДСМ: Македонија под ВМРО-ДПМНЕ стана шампион во склучување неверојатно високи анекс договори

Од:

„Неодговорната и расипничка пракса која ја воведе ВМРО-ДПМНЕ преку криминалниот проект Скопје 2014, на веќе прескапите и преплатени објекти да склучува анекс договори, сега ја вгради и при изградбата на катните гаражи.

Од градот Скопје, на градежната компанија „Бетон“ ќе и бидат исплатени нови 69.619.516 денари или над 1,1 милиони евра за изведба на дополнителни и непредвидени работи на катната гаража кај „Беко“ во центарот на градот.

Како и во бројни други случаи договорот бил потпишан со преговарање и без претходно објавување на оглас. Со тоа граѓаните на Скопје и Македонија ќе добијат уште една сомнителна градба, која ќе чини многу повеќе од најавените и онака неверојатни 14 милиони евра.

Само за потсетување, Македонија под ВМРО-ДПМНЕ стана шампион во склучување на неверојатно високи анекс договори, со што цената на објектите се зголемува повеќекратно.Само за Музејот на ВМРО, беа склучени 21 анекс договори во вредност од 10 милиони евра. За плоштадот Карпошово востание, беа склучени анекс договори во вредност од 1,5 милиони евра. За Стариот театар, дури 33 анекс договори во вредност од 30 милиони евра. За зградата на Уставниот суд, 2 анекс договори во вредност од 7 милиони евра. Или се на се, ВМРО-ДПМНЕ за својата партиска пералница на пари наречена Скопје 2014, има склучено анекс договори во вредност од над 60 милиони евра.

Криминалниот механизам на испумпување на народни пари, кој ВМРО-ДПМНЕ го спроведуваше преку општина Центар и министерството за култура, сега се надградува и проширува и врз буџетот на град Скопје“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата