СДСМ: Македонија има најлоша буџетска транспарентност во регионот

Од:

„Десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ од Македонија направи земја која има најнетранспарентен буџет во регионот. Ова го потврди и извештајот за „Отворен Буџет 2015“ на Меѓународното буџетско партнерство кое Македонија ја рангираше на дното на светската ранг листа во друштво со Мароко, Руанда и Зимбавбе.

Ваквото рангирање не е изненадување ако се знае фактот дека власта на ВМРО-ДПМНЕ и сите институции раководени од кадри на владеачката партија со години ги кријат буџетските приходи и расходи, со особен акцент на јавниот долг кој никогаш не беше точно прикажан.

Десет години граѓаните ги плаќаа долговите кои власта ги правеше преку преплатени проекти како Скопје 2014 за кој се уште не се знае крајната цена.

Ваквата арогантност и неотчетност на власта завршува на 11 декември. Граѓаните ќе стават крај на расипничкото трошење буџетски пари.

Преку Планот за живот во Македонија, секој граѓанин ќе биде контролор на власта и контролор на буџетот на Република Македонија. Секој граѓанин во секој момент од својот комјутер ќе може да ги види сите трошоци на државата. Сите државни институции и буџетски корисници ќе бидат обврзани јавно да ги објавуваат своите финансиски извештаји а наместо еднаш во месецот, пратеничките прашања ќе се одржуваат секоја недела.

На тој начин секој буџетски денар ќе биде на увид на граѓаните, а секоја институција ќе стане максимално отчетна. Преку овие мерки планираме да ја вратиме Македонија во врвот на ранг листата за отчетност, рамо до рамо со европските држави, како што и прилега на држава кандидат за челнство во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски