СДСМ: Луѓето во ад хок телото немаат никаква партиска обоеност

Од:

СДСМ денеска соопшти дека новинарите предложени од нив во ад хок телото за медиумите за изборите немаат никаква партиска обоеност и, како што стои во соопштението, уверуваат дека и идниот уредник на информативната програма на МТВ ќе биде независен и непартиски, искусен, докажан и почитуван новинарски професионалец.

– По јавниот повик што го објави СДСМ пристигнаа повеќе од 20 кандидатури за избор во ад хок телото. Им се заблагодаруваме на сите што пројавија интерес. Сите кандидатури беа од личности со исклучителен квалитет, познавање и искуство од сферата на медиумите и професионалното известување, се наведува во соопштението.

Со ваквиот начин на избор и назначување, како што се посочува, СДСМ докажува дека како идна власт целосно ќе ги департизира и професионализира контролните тела и институциите што ја регулираат медиумската сфера. Тоа, се наведува во соопштението, СДСМ го докажа и со гласање на законот за реформи во медиумите во Собранието предложен од релевантни новинарски здруженија и организации, во согласност на предлозите на меѓународната заедница.

СДСМ во ад хок телото ги предложи Горан Трпеноски и Љубомир Костовски.

– Сигурни сме дека Костовски и Трпеновски како докажани професионаллци за коишто секогаш интересот на јавноста е врвен приоритет со успех ќе одговорат на овој исклучително сериозен и одговорен предизвик, соопшти опозициската партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби