СДСМ: Љубе е во затвор за наводни 100.000 евра, а што е со аудио снимката за 1,5 милион евра кеш?

Од:

По изминати три години од изречената петгодишна затворска казна за претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за наводна злоупотреба на службена положба во изборна кампања, е уште појасно дека во Македонија владеење на правото нема, а узурпираното судство од власта на Никола Груевски служи само за пресметка со неистомисленици, реагира СДСМ на тригодишнината од апсењето на лидерот на ОМ за случајот „Кампања“.

„Каде се надлежните институции да испитаат дали и како ВМРО-ДПМНЕ ја покри финансиската дупка од 3.500.000 евра, констатирана во ревизорскиот извештај за предвремените парламентарни избори во 2011-та година? Дали некоја институција реагираше на извештајот на Ревизорот од 15-ти ноември 2013 година, кој изрази резерва за вистинитоста и објективноста на финанскиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ за 2012 година? Како ВМРО-ДПМНЕ со финансиска дупка од 3,5 милиони евра во 2011, за две ипол години, во јануари 2014-та беше во можност да плати 10-дневна црна кампања против раководството на СДСМ, според официјалните медиумски ценовници, од неверојатни 1.000.000 евра? Постојат каса прими докази и сведок дека Гордана Јанкулоска како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ примила кеш од 80.000 евра. Постои аудио доказ дека лично Никола Груевски учествувал во посредување, поткуп и злоупотреба на службената положба во примање 1.500.000 кеш пари“, се наведува во соопштението.

Тоа што некој мора да лежи во затвор за наводна злоупотреба на 100.000 евра, истакнуваат од СДСМ, а низ функционерите на ВМРО-ДПМНЕ можат слободно да поминуваат милиони евра народни пари е уште еден доказ дека во Македонија нема институци и дека сè е партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата