А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за срам после ревносната одбрана на криминалот на Груевски

by А1он17/11/2018 - 13:26115
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Денешното барање на судот да донесе одлука по налог на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека во оваа партија ништо не се променило, тоа е истата матрица на криминалецот Никола Груевски.
Времето кога од партија се наредуваше кој да се притвора, а кој да излезе од притвор заврши со заминвање на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Времето кога илјадници граѓани нелегално се прислушуваа и кога судиите од тефтерчето судеа по нарачка на Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, заврши со нивното заминување во опозиција.

Лицемерно е денеска антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски да зборуваат за срам после ревносата одбрана на криминалот на Никола Груевски, како нивен единствен и главен начин на делување.

Лицемерно е денеска ВМРО-ДПМНЕ, патијата што го создаде системот на нарачки во судовите и неказнивост, првата партија во Европа чиј почесен претседател е правосилно осуден и е во бегство од правдата денес, да зборува за владеење на правото.

Рефромата во безбедносните служби, денес обезбедува професионални и независни институции што работат во служба на законите и во интерес на граѓаните.

Времето на злоупотреба на безбедносните служби за пресметка со политичките неистомисленици заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.

Антинартодното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека нема да може да го одбрани криминалот на нивниот ментор Груевски, ниту на неговите соработници.

Правда ќе има, ќе има одговорност за секој за кој ќе се докаже дека постапувал незаконски. Отворената истрага ќе ги лоцира одговорните кои на каков било начин му помогнале на криминалецот Груевски во неговото бегство и сите мора да бидат изнесени пред лицето на правдата“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен