СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за одговорност за насилство во општеството

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најголемо лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ, партијата која Собранието на Република Македонија го претвори во арена за крвави тепачки, која целиот свој мандат се потпираше на примената на насилството, којашто застана зад немилите настани од 27 април и побара амнестија за насилниците, денес да зборува за одговорност за насилството во општеството.

Токму ВМРО-ДПМНЕ активно промовираше и редовно ја демонстрираше употребата на насилството во општеството – промотор на законот на посилниот. Јавноста се уште ја памети злоупотребата на специјалните полициски единици за брутален напад врз студентите кои се обидуваа да спречат изборни нерегуларности.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години промовираше политики на насилство не може да се изземе од одговорност за затекнатите состојби во образованието и училиштата.

Наместо власт која активно промовираше насилство како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, јавноста деновиве сведочи на активно делување и преземање на конкретни активности и мерки кои ќе стапат на сила наскоро во насока на превенција на насилството и другите облици на девијантно однесување во училиштата.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осудува секој насилен чин и активно се бори против секаков вид на насилство. Институциите предводени од Министерството за образование и наука, го осудија насилството во училиштата и веднаш беа изречени педагошки мерки и беа преземени мерки за превенција на насилството во училиштата, додека за случајот во Гостивар, институциите преземаат се што е во нивна надлежност за расветлување на случајот, а одговорност ќе има доколку таа биде утврдена“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници