СДСМ: Лицемерна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за здравството, бидејќи се уште се чувствуваат штетите од нивното владеење

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на тема здравство.

„Лицемерна и лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во здравството, бидејќи сите ги чувствуваат последиците од катастрофалните штети што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во здравствениот систем. Никола Груевски, Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ оставија пустош во здравството, руинирани болници, понижени пациенти и лекари, неупотреблива опрема и огромни долгови на здравствените установи.

Поради криминалното и расипничко владеење на Тодоров и Груевски, сите здравствени установи во Македонија тонеа во милионски долгови. Клиничкиот центар во Скопје должи 3 милиони евра, бидејќи цели 10 години не се плаќале сметки за вода, а Градската општа болница „8ми септември“ има вкупен долг од 5 милиони евра.

Владата предводена од СДСМ стави крај на таквото криминално, коруптивно и расипничко работење во здравството. Преку кратењето на непродуктивните трошоци за луксуз, барок, споменици и криминални тендери, се ослободија повеќе пари со кои се санираат штетните последици од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и се спроведуваат мерки што го опоравуваат и унапредуваат здравствениот систем во интерес на сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни