СДСМ: Лицата со посебни потреби активно ќе ги вклучиме во општеството

Од:

Придобивките од Конвенцијата за заштита на праватa на лицата со попреченост која Македонија ја ратификуваше уште пред пет години наши сограѓани се уште не можат да ги почувствуваат во пракса.

Тие се соочуваат со многу бариери во секојдневното живеење. Нема звучна или тактична сигнализација на улиците и тротоарите, нема пристап до соодветни ортопетски помагала, нема инклузивно образование, децата со попреченост се уште се одбиваат од градинките, институциите немаат ниту пристапни рампи и лифтови лицата со физичка попреченост. И уште многу пречки за овие наши сограѓани да бидат дел од ова општество како и сите останати.

Денеска на 3 декември, на овој светски ден на лицата со посебни потреби се обврзуваме дека ќе обезбедиме квалитетен живот за лицата со посебни потреби во Македонија.

Наша примарна цел е да обезбедиме целосна интеграција на лицата со посебни потреби во општеството, поддржувајќи го нивното вработување и зголемувајќи ги нивните економските можности. Вклучувањето на овие лица, поттикнувањето и искористувањето на нивните капацитети ќе придонесат кон развој на целото општество. Доста се мерки кои се на ниво на милосрдие, потребно ни е општество кое се грижи сите ние да добиеме можност да го дадеме максимумот во негова изградба.

Наместо досегашното сожалување и бегање од предизвикот за соочување со лицата со попреченост, јавната свест ќе ја донесеме до ниво на мобилизација на сите засегнати страни вклучувајќи го и приватниот сектор и локалните заедници.

Само така општеството може да биде отворено и за сите граѓани кои имаат различни потреби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он