СДСМ: Лекарите-специјализанти потврдија – Тодоров создава само проблеми

Од:

„Лажните, виртуелни најави на неспособниот Никола Тодоров за подобрување и решавање на статусот на лекарите специјализантипаднаа во вода.

Самите лекари специјализанти, со петицијата којашто ја испратија до Никола Тодоров, ја потврдуваат катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат.

Во петицијата лекарите бараат веднаш да се стопира донесувањето на новите предлог законски измени и наместо со преодни и парцијални решенија да се пристапи кон трајно решавање на статусот на сите специјализанти.

„Во денешно време срамота е за една современа земја која тежнее да стане ЕУ членка вака да ги третира своите лекари специјализанти, на најдолното општествено скалило“ велат лекарите, специјализанти во петицијата до Тодоров.

Ова е уште доказ дека миленичето на Груевски, Тодоров, создава само проблеми, проблеми на пациентите, проблеми на лекарите. Или кажано со зборовите на Зоран Ставрески – најмногу стратешки грешки направи Тодоров.

Она што не е добро е фактот што Тодоров не понесе одговорност за ниту еден скандал во здравството, па дури и јавно призна дека не чуствува никаква морална одговорност.

За време на Никола Тодоров се случуваат и најнезамисливите работи во здравствениот систем.

Сред бел ден се пука во лекари, умираат родилки и новороденчиња, болниците не личат на места кадешто се лекуваат луѓе туку на места од некој хорор филм.

Дури 200 лекари годишно ја напуштаат земјава.

По 24-ти април и победата на СДСМ доаѓаат промените во земјава и промените во здравството што сите ги очекуваат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда